Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсена е група која планирала да предизвика состојба слична на граѓанска војна во Германија

Уапсена е група која планирала да предизвика состојба слична на граѓанска војна во Германија

Десничарска група во Германија планирала киднапирање на министерот за здравство Карл Лаутербах. 

Уапсени се четворица осомничени во една група на Телеграм со екстремистичка содржина кои властите ги гонат за подготвување на тешко дело против државата. Тие го прекршиле Законот за поседување оружје, како и Законот за контрола на оружје. 

Групата имала намера да предизвика состојба слична на граѓанска војна во Германија. 

Главните осомничени се маж на возраст од 55 години од Нојштад ан дер Вајнштрасе во Рајнланд-Фалц и 54-годишен маж од Фалкензе во Бранденбург. Државното обвинителство во Кобленц објави дека тамошниот Окружен суд му одредил мерка притвор.

Слично

Поврзани вести