Уапсен терористот кој бирал локации за нападот во Франција
Турската полиција уапсила белгиски државјанин со мароканско потекло под сомнение дека за Исламска држава ги бирал местата за напади кои во Париз минатата недела однесоа 130 живот, објави денеска новинаската агенција Доган.
Ахмет Дахмани (26) е уапсен во луксузен хотел во крајбрежниот град Анталија, пренесува Доган, без наведување на извор.
Според извештајот уште двајца мажи, и двајцата сириски државјани, исто така се уапсени во близина под сомнение дека ги испратила Исламска држава да го осигураат сигурниот премин на Аахмани преку границата и тие планирале да се сретнат со него.
Полицијата го следела Дахмани од неговото слетување во воздушното пристаниште до хотелот во кварталот Манавгатур.
Турција оваа недела депортираше и група Мароканци кои ги задржала на главниот истанбулски аеродром под сомнение дека се поврзани со Исламска држава. Тие допатувале од Казабланка и тврделе дека се туристи.
Инаку, во Анталија неодамна е одржан самит на Г-20 , на кој биле Барак Обама и Владимир Путин.

