Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен создавачот на Биткоин под обвинение за перење пари

Уапсен создавачот на Биткоин под обвинение за перење пари
Креаторот на дигиталната валута биткоин , потпретседател на Bitcoin Foundation и шеф на платните услуги BitInstant, Чарли Шрем, е уапсен на аеродромот " Џон Кенеди " во Њујорк , соопшти агенцијата Bloomberg . Американските правобранителни органи го обвинуваат Шрем за перење пари во нелегалниот сајт Silk Road во вредност од над 1 милион долари. Заедно со 24 -годишниот Шрем обвинет во случајот е и активниот корисник на Silk Road, Роберт Фајел . Според податоците на обвинителството на САД во периодот од декември 2011. до октомври 2012 година помеѓу сметките на Шрем и Фрај е пренесена сума од 1.050.788 долари. Приближно иста сума била користена за купување на биткоин , се вели во обвинението . Обвинителите сметаат дека на овој начин Шрем му дозволил на Фајел да префрли во неговиот систем повеќе од 1 милион долари , сфаќајќи дека овие средства ќе се користат за нелегален промет на биткоин и трговија со наркотици во Silk Road . Властите во САД ја затворија најголемата интернет продавница во светот за продажба на дрога Silk Road во октомври 2013 година , по апсењето на нејзиниот творец и администратор. Сајтот имаше огромен успех и за 2,5 години постоење беше посетуван дневно од 60.000 интернет корисници. Во декемвру 2013. Кинеската народна банка им забрани на финансиските институции да одржуваат какви и да е операции со биткоин зради зголемените ризици, вклучувајќи ја можноста за перење на пари и легализација на средства стекнати од криминални дејности. Во јануари 2014 година Банката на Русија исто ги опиша операциите во биткоин како сомнителни.   А.А.
Слично

Поврзани вести