УАПСЕН СОПСТВЕНИКОТ НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА : Нови детали од страшниот пожар во Русија
Сопственикот на приватен дом за стари лица во рускиот град Кемерово, каде во пожар загинаа 22 лица, е уапсен под обвинение за небрежност, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.
Пожарот избувнал во домот за стари лица во ноќта меѓу петокот и саботата и зафатил околу 180 метри квадратни.
Како што соопшти регионалната влада на Кемерово, причина за пожарот е прекршување на прописите за пожар при користење на шпоретот.
- Инспекторите на Рускиот истражен комитет во регионот Кемерово го обвинија 31-годишниот сопственик за кривично дело за давање услуги кои не ги исполнуваат условите неопходни за безбедноста или здравјето на потрошувачите и додаваат дека поради небрежност настрадале повеќе луѓе - соопшти Комитетот на „Телеграма“.
Според прелиминарните податоци на истражителите, сопственикот на домот не презел ништо за да го поправи неисправниот котел и покрај бројните поплаки од жителите, односно жители, пренесува Риа.
Од Брзата помош, повикувајќи се на очевидци, соопштија дека тоа што во зградата имало плински боци го влошил пожарот.
Фактор утринава објави дека избувнал пожар во илегален дом за стари лица во рускиот град Кемерово, во регионот на Западен Сибир.
