Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен шефот на Коза ностра по 30 години бегство

Уапсен шефот на Коза ностра по 30 години бегство

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, пренесе италијанската новинска агенција АНСА за Ројтерс.

Месина Денаро важи за шеф на сицилијанската Коза ностра и е во бегство од 1993 година. Денаро, со прекар Дијаболиќ, е уапсен во приватна клиника во Палермо.

Тој беше осуден на доживотен затвор во отсуство во 2002 за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Казната ги опфати и бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано следната година, во кои загинаа десет луѓе, како и киднапирањето, мачењето и убиството на 11-годишниот син на мафијаш кој станал сведок.

Се верува дека во изминатите 30 години живееел луксузен живот благодарение на врските со корумпирани банкари.

Слично

Поврзани вести