Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен руски бизнис моќник пред Светското првенство во фудбал

Уапсен руски бизнис моќник пред Светското првенство во фудбал

Русија се соочува со се поголем притисок пред одржувањето на Светското првенство во фудбал ова лето, што од политички причини поради несогласувањето со западните сили, но и поради обвинувањата за корупција и подмитување.

Затоа руските власти покрена истрага против бизнис моќникот Зијавудин Магомедов по обвинение за проневера на над 35 милиони долари за време на изградбата на стадионот во Калининград.

На првото појавување на суд, милијардерот Магомедов ги негираше обвиненијата, но судот во Москва му одреди двомесечен притвор.

Магомедов е сопственик на „Сума груп“ и се занимава со градежништво и логистика.

Притвор исто така е одреден и за неговиот брат Магомед Магомедов и Артур Масидов, директорот на една од компаниите во рамките на „Сума груп“ што учествувала во изградбата на објектот за Светското фудбалско првенство во Калининград. 

Слично

Поврзани вести