Уапсен Пуџдемон, Шпанија чека екстрадиција
Карлoс Пучдемон е уапсен во Германија откако ја премина границата со Данска со неговиот автомобил
По Пучдемон беше издадена потерница во Финска откако поранешниот претседател ја посети земјата за разговори со пратениците. Тој се враќаше во Белгија, каде што живее во самонаметнато прогонство. Пучдемон ја напушти Финска откако властите потврдиле дека од Шпанија добиле барање за екстрадиција.
Шпанскиот суд во петок издаде потерница за шест официјални политичари Каталонци меѓу кои и Пучдемон. Пет политичари меѓу кои и Пучдемон побегнаа во Брисел минатиот октомври. Шпанските власти го обвинуваат Пучдемон за пуч поради неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во октомври минатата година, кога беше организиран референдум за отцепување.
Според шпанското законодавство, за државен удар се предвидува затворска казна до 30 години.
