Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

Милијардер од Квебек (Канада), Роберт Милер, кој наводно платил неколку млади девојки во замена за сексуални услуги, беше уапсен во четвртокот попладне и се соочува со 21 обвинение, вклучително и сексуален напад, добивање сексуални услуги со компензација и неколку точки за сексуална експлоатација на малолетници.

Поранешниот сопственик на компанијата „Future Electronics“ е уапсен во својот дом во населбата Вестмаунт во Монтреал, јавува CBC.

Милер, наводно, извршил злосторства против 10 жени и девојчиња, од кои осум малолетни, во периодот од 1994 до 2016 година, соопшти полицијата во Монтреал на прес-конференција во четвртокот попладне. Една од наводните жртви била помлада од 14 години за време на наводните злосторства.


Оттогаш е ослободен под услов да се појави на суд на 3 јули. Истрагата за злосторствата е во тек, а испратен е апел до сите жртви да се јават.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести