Уапсен осомничениот за масакрот во Канада: Убиени повеќе бездомници во масовно пукање
Во предградијата на Ванкувер денеска имало масовно пукање, кое според пишувањата на тамошните медиуми било насочени најмногу кон бездомници. По пукотниците канадската полиција соопшти дека осомничениот е во притвор.
Кралската коњичка полиција соопшти дека пукањето бил главно во центарот на Ленгли, а претставничката на полицијата Ребека Парслоу изјавила дека не била информирана за состојбата на ранетите жртви од нападот, пренесува АП.
Локалните медиуми утринава објавија дека неколку луѓе се убиени во масовно пукање во провинцијата Британска Колумбија, а локалната полиција издаде итно предупредување и ги замоли жителите да бидат внимателни и советувани да се држат подалеку од критичните локации, објави претходно Ројтерс.
- Повеќе престрелки во центарот на Ленгли со еден инцидент со жртви - се вели во полициското предупредување испратено до жителите на Британска Колумбија.
Портпаролот на кралската канадска коњичка полиција изјави за CBC дека неколку луѓе се убиени, но не прецизираше колку.
Жртвите биле бездомници, а полицијата верува дека нападот бил планиран, пренесоа канадските медиуми.
