УАПСЕН МЛАД МАЖ ВО ХОЛАНДИЈА: Дали е спречен напад?
Холандски државјанин на возраст од 29 години, лице за кое се претпоставува дека е „радикализиранo“, е уапсен синоќа кога е забележан како го снима просторот пред „Филипс стадионот“ во Ајндховен, еден од најголемите во земјата, додека имало концерт.
„Полицајците забележале маж кој доцна синоќа сомнително се однесувал на еден од влезовите на стадионот. Тој снимал и немал објаснување зошто го прави тоа, а исто така немал ниту карта за концертот“ - велат од холандската полиција.
Апсењето следи само неколку недели откако бомбаш-самоубиец уби 22 лица на крајот од концертот на американската пејачка, Аријана Гранде во градот Манчестер во Британија.
Слично
