УАПСЕН МАЖ ВО ИСТОЧЕН ЛОНДОН: Имал смртоносен план
Полицијата во источен Лондон уапси уште едно осомничено лице за терористичкиот напад во центарот на Лондон на 3 јуни, соопшти Скотланд Јард.
27-годишниот маж е уапсен во неговиот дом во Илфорд. Засега во притвор се наоѓаат уште 5 лица, а други 12 се ослободени без да биде покренато обвинение против нив.
Нападот на Лондонскиот мост можел да биде многу посмртоносен, а уапсениот тоа го планирал.
„Напаѓачите планирале да употребат поголем камион во нападот, кој би прегазил повеќе луѓе“ - вели Дин Хејдн, шеф на антитерористичкиот оддел на лондонската полиција.
Еден од извршителите, Хурам Бут, првично се обидел да изнајми 7,5-тонски камион, сличен на оној што беше употребен при нападот во Ница лани, при што загинаа 86 луѓе, а стотици беа повредени. Бидејќи исплатата на камионот е отфрлена, Бут и неговите двајца соучесници нашле минибус.
