Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен гувернерот Илмар Римшевич

Уапсен гувернерот Илмар Римшевич

Припадници на летонската антикорупциска агенција го уапсија гувернерот на централната Банка на Летонија, Илмар Римшевич, соопшти денеска Кабинетот на летонскиот премиер Марис Кулинскис.

„Бирото за превенција и борба против корупцијата го уапси гувернерот на Банката на Летонија“, се наведува во соопштението.

Причините за апсењето на Римшевич сѐ уште не се соопштени .  Во петокот, агенти на Бирото извршија претрес во неговиот дом и канцеларија.

Слично

Поврзани вести