Уапсен главниот организатор на нападите во Париз
Салах Абдеслем е застрелан во ногата и уапсен при рација во бриселскиот кварт "Моленбек".
Единствениот преживеан од ноемвриските напади во Париз, терористот Салах Абдеслем бил застрелан за време на операцијата на белгиските специјалци, објави „Индипендент".
При операцијата е фатен уште еден маж. Францускиот претседател, Франсоа Оланд и белгискиот премиер, Шарл Мишел ќе дадат заедничка изјава во зградата на белгиската Влада. Акцијата на специјалците започна околу 17.30 часот. Полицијата му влегла во трага, откако во Брисел на 15 март се реализираше специјална операција и беа откриени негови отпечатоци . Тогаш за време на престрелката неговиот соучесник, Мохамед Белкаид рани четворица полицајци. Алжирецот Мохамед Белкаид кој го користел името Самир Бузид, се смета дека ги диктирал нападите по телефон од Белгија. Тој е убиен за време на акцијата.
Слично
