Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН Е И ТРЕТИОТ ИНВОЛВИРАН ВО ОБИДОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА РУСКИ ГЕНЕРАЛ: Признаа колку пари им ветиле Украинците

УАПСЕН Е И ТРЕТИОТ ИНВОЛВИРАН ВО ОБИДОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА РУСКИ ГЕНЕРАЛ: Признаа колку пари им ветиле Украинците

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека е уапсен трет соучесник во обидот за атентат врз генерал-потполковник Владимир Алексеев.

Според ФСБ, синот на второобвинетиот во случајот, Виктор Васин, е приведен. Тој призна, меѓу другото, дека други високи руски воени офицери биле потенцијални цели на оваа терористичка група, се вели во соопштението на ФСБ, објави Интерфакс.

„(Павел) Васин даде признанија, вклучително и оние што помогнаа да се идентификуваат уште двајца високи функционери на руското Министерство за одбрана, кои Љубомир Корба и Виктор Васин ги следеа во интерес на украинските специјални служби, со цел понатамошно извршување саботажи и терористички акти“, изјави Центарот за односи со јавноста.

Корба претходно призна дека членови на Службата за безбедност на Украина (СБУ) го регрутирале во август 2025 година. ФСБ објави дека соучесникот на Корба, Виктор Васин, исто така, се изјасни за виновен.

Во соопштението се вели дека СБУ му ветила на Корба 30.000 долари во случај на успешен атентат врз генералот Алексеев, и дека тој поминал обука за стрелаштво на стрелиште во Киев, по што се инфилтрирал во Русија преку Кишињев и Тбилиси и го следел генералот во замена за месечна исплата во криптовалута. Корба изјавил за време на сослушувањето дека по атентатот добил инструкции да лета за Дубаи, од каде што требало да оди во Романија, а потоа во Киев.

Според истражителите, Љубомир Корба бил директен извршител на атентатот врз Алексеев. Корба бил приведен во Дубаи и екстрадиран во Русија, и е руски државјанин, соопшти Руската Федерална служба за безбедност во неделата.

Во соопштението се вели и дека Виктор Васин, соучесник во атентатот врз генералот Алексеев е приведен во Москва. Обидот за атентат врз генерал-потполковник Алексеев се случи на 6 февруари во станбена зграда во Москва. По обидот за атентат, генералот Алексеев заврши во болница во тешка состојба.

Украинските служби на руска територија елиминираа повеќе руски генерали. Војната почна пред четири години. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести