Уапсен Авганистанец во Италија, планирал напади на хотели
Хаким Насири на возраст од 23 години со неговите колеги планирал напади на хотели, центри, аеродроми и полициски возила.
Се работи за авганистански државјанин кој барал азил, и заедно со уште две лица планирал напади по Европа. Хаким е уапсен во градот Бари, на југот од Италија каде живеел во мигрантски центар. Тие станале сомнителни откако со мобилен снимале трговски центар.
Во мобилниот на Хаким се најдени снимки од талибански борци и мачени американски војници.
Уапсен е и 29 годишниот Авганистанец, Гулистан Ахмаџаи кој помагал за илегална миграција на мигранти. Тој помагал за криумчарење мигранти од Пакистан и Авганистан во Италија, а оттука да заминат во Франција. Уште едно лице е во бегство.
Слично
