Уапсен американец кој планирал напад на Капитол хил
Еден маж од Охајо, кој тврди дека е симпатизер на Исламската држава, уапсен е во текот на вчерашниот ден поради планирање напад врз Капитол хил, пренесува „Ројтерс“ кој ја дознал оваа информација од судските документи.
Кристофер Корнел (20) проучувал како се прави импровизирана експлозивна направа, купил полуавтоматска пушка и 600 парчиња муниција по што планирал да замине за Вашингтон и таму да го спроведи планот за напад.
Корнел на својот „Твитер“ профил напишал дека ја поддржува Исламската држава претставувајќи се притоа како Рахел Марус Убајда, се вели во судските документи.
Осомничениот во ноември на состанок со доушник на „ФБИ“ раскажал дека цленовите на Конгресот ги смета за свои непријатели и го соопштил планот за поставување импровизирана експлозивна направа во Конгресот како и во негова близина, а раскажал и за намерата со помош на огнострелно оружје да ги убие вработените и функционерите кои ќе ги затекне таму.
Портпаролот на министерството за правда, Марк Рајмонди, изјавил дека јавноста не била загрозена и не била изложена на опсност а време на истрагата.
Федералниот суд во Охајо го обвинил Корнел за обид за убиство на државни службеници и поседување на огнострелно оружје како и за планирање насилно кривично дело.
Слично
