Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВРДИ ДЕКА НА СЕБЕ ИМА БОМБА: Mаж држи 7 заложници во американска фабрика во Турција револтиран поради Газа

ТВРДИ ДЕКА НА СЕБЕ ИМА БОМБА: Mаж држи 7 заложници во американска фабрика во Турција револтиран поради Газа

Револтиран  поради војната во Газа, вооружен маж држи 7 заложници во американска фабрика во Турција. Тој тврди дека на себе има бомба.

Голем број полициски екипи се испратени во фабриката Procter & Gamble (P&G) во северозападната турската област Гебзе во Коџаели, откако вооружено лице наводно ги зело работниците како заложници, јави Си-Ен-Ен Турк.

Додека траат напорите да се убеди лицето да ги ослободи вработените, улицата е затворена за сообраќај. Се наведува дека во регионот дошол и гувернерот на Коџаели Седар Јавуз и го следи случајот. На социјалните мрежи се појави фотографијата на осомничениот, каде се гледа како држи пиштол. Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел, по што Израел во операцијата во Газа уби над 26.000 Палестинци. 

Фото: Твитер

Слично

Поврзани вести