Тврди дека дошол од 2048 година и дека ќе се случи нешто престрашно
Дојдов од 2048 година за да ве предупредам на доаѓање на вонземјаните, им објаснил мажот од Часпер во Вајоминг на полицајците откако го уапсиле во пијана состојба.
Брајант Џонсон е уапсен во понеделникот поради пијанчење и вознемирување на граѓаните. Од полицијата рекле дека Џонсон мирисал на алкохол и говорел многу неразбирливо, но успеале да разберат дека „вонземјаните доаѓаат на Земјата следните години и „треба некаде да избегаме што е можно поскоро“.
Во полицискиот извештај наведуваат дека никој не навел точен датум или време кога вонземјаните би требало да дојдат. Одбил да разговара со лекари и барал да го однесат кај градоначалникот. Тврдел дека може да патува низ времето бидејќи истите тие вонземјани го напиле, а во 2017 година завршил по грешка - всушност требало да стигне година подоцна.
И покрај објаснувањата завршил во притвор, пишува Huffington Post
