Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тврдеше дека Путин е „луд“ за одлуката да ја нападне Украина: Почина најжестокиот критичар на рускиот лидер

Тврдеше дека Путин е „луд“ за одлуката да ја нападне Украина: Почина најжестокиот критичар на рускиот лидер

Починал Глеб Павловски, поранешен близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Павловски почина на 71-годишна возраст во московската болница Боткин од мозочен удар што го доживеа пред десет дена, пренесоа агенциите.

Во извештајот на лондонскиот дневен весник Мирор, се потсетува дека во 2011 година била прекината соработката на Кремљ со Павловски бидејќи овој истакнат руски политиколог отворено предупредил дека Путин е „гладен за власт“ изразувајќи сомнеж за менталното здравје на рускиот претседател.

Така, Павловски од угледен соработник на Кремљ се претвори во жесток критичар на политиката на Путин, кој отворено изјави дека рускиот лидер е „луд“ поради одлуката да ја нападне Украина и предупреди дека започнувањето на специјална воена операција е „страшна грешка“ и дека тоа ќе му зададе „голем удар“ на рускиот претседател“.

За инвазијата на Украина, Павловски рече: „Путин што го знаев претходно немаше да го стори тоа затоа што беше многу здрава личност. Но тој Путин го нема и овој нов Путин сега е опседнат со Украина. Тој сега реагира на сликите во неговата глава“.


ФОТО: Твитер/Инстаграм - screenshot

Слично

Поврзани вести