Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВРДАТ ДЕКА СЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ДЕТЕ И ПОСТАРА ЖЕНА - Русија вели дека Украина вчера извела четири напади на нивна територија

ТВРДАТ ДЕКА СЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ДЕТЕ И ПОСТАРА ЖЕНА - Русија вели дека Украина вчера извела четири напади на нивна територија

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили вчера во четири наврати гранатирале руска територија на границата со Украина, пренесува руската прорежимска агенција РИА.

Украинците пукале во селата Журавлеква и Сподарјушино во Белгородската област, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков, додавајќи дека еден жител е полесно повреден. Во двата напада беа оштетени станбени згради, соопшти руското Министерство за одбрана.

Нападот се случил и во селото Климово, во областа Брјанск и на граничната станица Новје Јурковичи во истиот регион, тврдат Русите. Осум лица се повредени во украинскиот напад во селото, меѓу кои едно дете и една постара жена, кои се тешко повредени, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украина не ги потврди ниту ги демантираше овие напади.

Слично

Поврзани вести