Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВРДАТ ДЕКА КОВИД НЕ ПОСТОИ ДУРИ И КОГА СЕ БОРАТ ЗА ВОЗДУХ ВО БОЛНИЦИТЕ: Откриена причината зошто луѓе „не веруваат во вирусот“

ТВРДАТ ДЕКА КОВИД НЕ ПОСТОИ ДУРИ И КОГА СЕ БОРАТ ЗА ВОЗДУХ ВО БОЛНИЦИТЕ: Откриена причината зошто луѓе „не веруваат во вирусот“

И покрај тоа што за речиси две години, колку што трае пандемијата, 246,9 милиони луѓе се заразени со корона вирусот, а повеќе од пет милиони ги загубија животите, се уште има и такви кои не веруваат дека Ковид постои. Она што е уште побизарно, меѓу нив се и оние кои и самите ја прележале инфекцијата и едвај преживеале, а за тоа сведочи и медицинска сестра која работи на одделот за интензивна нега во Сиднеј, која за „Гардијан“ го раскажа своето искуство.

„Минатата година негувавме пациенти во еден слој заштитна опрема. Се покажа дека заштитата е повеќе од добра, бидејќи никој од нашата единица не се зарази. Оваа година имаме два заштитни слоја - одело и вакцина. Но и покрај ова, многу се заразени со делта варијантата, а се повеќе кружат и дезинформации. Многумина мислат дека вирусот не постои, други тврдат дека не е поопасен од грипот, некои тврдат дека варијантата делта не се разликува од оригиналниот вид, што не е точно.

Дела сојот е многу позаразен, што се гледа и по обемот на нашата работа. Одделот за интензивна нега се полни со брзина на светлината, а пациенти има од сите возрасти. Минатата година тоа беа претежно пациенти на возраст од шеесет и педесет години. Годинава имаме луѓе на возраст од 20 и 30 години.

Бизарно е да се гледаат сите оние пациенти кои на лекарите и на нас медицинските сестри велат дека вирусот не постои.Тоа го велат додека се борат за воздух и додека во нивните бели дробови беснее цитокинската бура. Зборуваат бавно, со многу паузи. Ги слушаме и прашуваме: „Дали да ви ја вратиме маската за кислород?“ Прифаќаат. Со помош на маската стигнуваат до воздухот. И потоа повторно се обидуваат да избегаат од болницата. Имаме многу обиди за бегство. Имавме еден пациент кој излезе од респиратор. Кога се опорави, почна да ни објаснува дека ковид не постои.

Ќе се изненадите колку често ни се случува ова. Дека луѓето се толку занесени во дезинформации што нема смисла да им се каже вистината. Има име за нивната состојба: когнитивна дисонанца.

Антиваксерите или луѓето кои негираат дека постои ковид се едноставно неодлучни затоа што не знаат во што да веруваат.

Двајца од моите соседи ми се пожалија за тоа. Ми рекоа дека се преплавени со спротивставени информации и дека не знаат на која страна веруваат. Им објаснив дека вирусот е реален, дека разбирам зошто се загрижени, но дека вакцината е единствениот спас. И двајцата ме послушаа и се вакцинираа. Мислам дека тоа е можеби најдобриот начин за секој од нас поединците да разговараме со околината. Не можеме да го спасиме целиот свет со еден потег, но можеме да спасиме човек по човек“, рече таа.


Слично

Поврзани вести