Економија, финансии, бизнис

Контакт

TВРДАТ ДЕКА ИМА НАД 1.200 ЗАГИНАТИ ЦИВИЛИ: Во Мариупол телата стојат на улици, мртовечниците се полни

TВРДАТ ДЕКА ИМА НАД 1.200 ЗАГИНАТИ ЦИВИЛИ: Во Мариупол телата стојат на улици, мртовечниците се полни

Во украинскиот град Мариупол, мртовечниците се полни, и затоа телата се на улица. 

Ова го соопшти градоначалникот Вадим Бојченко. На граѓаните им се препорачува да ги покријат телата на загинатите и да ги остават на улица.

„Немаме можност да ги закопаме во приватни гробници“, рече Бојченко. 

Неговиот заменик Серхи Орлов вчера изјави дека од почетокот на војната во руското гранатирање на Мариупол загинале над 1.200 цивили. Сепак, се смета дека вистинската бројка на загинати е „веројатно три или четири пати поголема“ од таа проценка.

Од Црвениот Крст рекоа дека луѓето се напаѓаат меѓу себе затоа што храната и лековите се при крај. 

Руските сили вчера ја бомбардираа болницата во Мариупол. 

Слично

Поврзани вести