Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВОРЕЦОТ НА ПОЗНАТИОТ ЧЛЕН 50 ОТКРИВА: Велика Британија не мора да ја напушти ЕУ...Како?

ТВОРЕЦОТ НА ПОЗНАТИОТ ЧЛЕН 50 ОТКРИВА: Велика Британија не мора да ја напушти ЕУ...Како?

Велика Британија би можела да се предомисли и да се откаже од напуштањето на Европската унија и покрај тоа што официјално покрене разговори со ЕУ за Брегзит со активирање на Член 50, изјави денес Џон Кер, човек кој го формулирал овој член на Лисабонскиот договор.

Премиерката Тереза Меј најави дека ќе се активира Член 50 до крајот на март кога би требало да почнат двегодишните преговори за излез од ЕУ.

„Може да се предомислите, додека трае процесот“, рекол овој поранешен британски амбасадор при ЕУ за БиБиСи“, пренесе Ројтерс.

Во тој период, како што објаснил, ако некоја земја навистина стварно одлучи да не сака да ја напушти ЕУ, сите би биле лути поради губење време.

„Тие може да се обидат да ја зголемат политичката цена, но правно гледано, не може да инсистираат на ваше заминување“, рекол Кер.

Државниот обвинител Џереми Рајт неодамна рекол дека известувањето на Брисел за активирање на Член 50- што веројатно треба да го направи Тереза Меј-е неотповикливо.

Слично

Поврзани вести