„Твитер“ ја утврди цената на своите акции
26 долари за акција е почетната цена за која се одлучи американската компанија „Твитер“ при првото нивно котирање на берзата во Њујорк.
Цената беше фиксирана по синоќешното затворање на Њујоршката берза. Се очекува акциите на компанијата да започнат со котација на Волстрит во текот на денешниот ден.
Планирано е компанијата на Њујоршката берза да понуди 70 милиони акции, што ќе и овозможи да заработи 1,82 милијарди долари.
Слично
