Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВИТЕР: 1 Милијарда долари-донација за борба против пандемијата

ТВИТЕР: 1 Милијарда долари-донација за борба против пандемијата

Во борбата против пандемијата на коронавирусот се вклучи и социјалната мрежа Твитер. Нејзиниот основач, Џек Дорси, изјави дека ќе  донира една милијарда долари, со цел да се помогне во спречувањето на натамошното ширење на вирусот во светот.

Оваа сума, како што вели Дорси е помалку од 30 отсто од неговото богатство. За разлика од него, Амазон, чиј сопственик е Џеф Безос, ќе донира само 100 милиони долари кои ќе бидат наменети за банките за храна во САД.

Најмала донација до сега има од Фјесбук. 25 милиони долари ветија основачот на оваа социјална мрежа, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан. Парите се наменети за научни истражувања, со цел да се пронајде ефикасен лек за Ковид-19. 


Слично

Поврзани вести