Тужба против Уругвај поради фабрика за производство на целулоза
Тужба пред Меѓународниот суд на правдата ќе покренат Аргентинските власти против Уругвај, поради тоа што одобрил да се зголеми производството во фабрика за целулоза на границата со Аргентина.
Аргентина изрази загриженост поради потенцијалната опасност која таа фабрика би ја имала врз животната средина, како и за загадувањето на реките.
- Едностраната одлука на Уругвај не принуди да ја поднесеме тужбата пред судот во Хаг, изјави аргентинскиот министер за надворешни работи Ектор Тимерман.
Слично
