Туск тврди дека Путин ќе биде среќен ако САД го напуштат НАТО
Поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск напиша на социјалните мрежи дека „сето ова изгледа како план од соништата на рускиот претседател Владимир Путин“, бидејќи Европа се соочува со голема енергетска криза поради затворањето на Ормутскиот теснец, објави Скај њуз.
„Заканата од распаѓање на НАТО, ублажувањето на санкциите врз Русија, масовна енергетска криза во Европа, прекинот на помошта за Украина и блокирањето на заемот за Киев од страна на Орбан“, Туск ги наведе факторите што, според него, се во корист на Путин.
Иако Туск не ги именуваше директно САД во објавата, неговите коментари се однесуваат на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја напушти алијансата откако сојузниците не ја поддржаа неговата војна против Иран.
Вашингтион сака да преиспита дали сојузот функционира на обостраната корист.
foto printskrin youtube
