Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУСК: Стратешкиот проблем на ЕУ е Русија!

ТУСК: Стратешкиот проблем на ЕУ е Русија!

Рускиот пристап на Украина и ЕУ претставува предизвик за Унијата, што не ги прави европските лидери премногу оптимистични, вели новиот претседател на Еврпскиот совет Доналд Туск.

„Всушност денеска Русија е наш стратешки проблем, а не Украина“, рекол поранешниот полски пемиер на конференцијата за новинари по завршувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, пренесува Ројтерс.

„ Најголемиот предизвик денеска е рускиот пристап не само кон Украина, туку и кон целата Европска Унија“, рекол Туск.

Претседателот на Европскиот совет навел дека агресивниот став на Москва кон Украина и ЕУ е предизвикан од одлуката на Киев да потпише трговска спогодба и спогодба за соработката со ЕУ, наведува Ројтерс.

„Очигледно е дека нема да најдеме долгорочна перспектива за Украина, без адекватна, доследна и единствена европска стратегија кон Русија“, рекол Туск.

Слично

Поврзани вести