Туск откри уште колку време Украина може да се бори
Полскиот премиер Доналд Туск изјави денеска дека Украина е подготвена да продолжи да се бори против Русија уште две до три години, но предупреди дека постои стравување оти конфликтот би можел да трае со децении.
За британскиот „Сандеј Тајмс“, Туск изјави дека постои реална опасност Кремљ да ги насочи своите напади и кон земји членки на НАТО, што би можело да ја доведе Велика Британија во директна опасност доколку Русија нападне некоја од членките на Алијансата.
„Украина има право да ги напаѓа руските цели ширум Европа“, изјави тој.
Вели дека Киев се плаши од долгорочните економски и човечки последици доколку војната продолжи повеќе од неколку години.
Полскиот премиер истакна дека западните сојузници мора да ја задржат единственоста и решителноста во поддршката на Украина, бидејќи секој знак на слабост би можел да го охрабри Кремљ да ја прошири агресијата. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
