Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туск: Оние кои мислат дека можат да купат секого, нека поведат сметка дека секој може и да биде продаден

Туск: Оние кои мислат дека можат да купат секого, нека поведат сметка дека секој може и да биде продаден

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека „во свет каде што секој може да се купи, исто така секого може и да го продадат“.

„Одвреме-навреме слушам мислења дека е време за политика заснована на трансакции и за договор на големите сили. Оние кои мислат дека можат да купат секого, нека поведат сметка дека според оваа филозофија секој може и да биде продаден“, напиша Туск на мрежата X.

Притоа, тој повтори дел од својата порака од минатонеделната Минхенска конференција за безбедност, каде што рече дека не смее да се дозволи некој однадвор или од самиот Запад да ги уништи фундаменталните вредности и се спротивстави на гласовите дека Европа се урива, дека НАТО е застарен, дека светскиот поредок треба да се уништи затоа што настапи ерата на „трансакциска политика“ и сила.

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, по тој повод на Минхенската безбедносна конференција во дебатата за раздорот внатре во Европа, ги обвини САД дека со претседателот Доналд Трамп на чело се обидуваат да ги наметнат своите вредности, занемарувајќи го фактот дека во Европа од различни историски причини не е можна неодговорна и апсолутна слобода на говорот и пропаганда, на пример, на нацизмот.

foto Facebook/Donald Tusk

Слично

Поврзани вести