Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУСК ДО ОНИЕ КОИ ДЕНЕСКА БЕА ВО МОСКВА: Срамно е да му се аплаудира на Путин

ТУСК ДО ОНИЕ КОИ ДЕНЕСКА БЕА ВО МОСКВА: Срамно е да му се аплаудира на Путин

Според полскиот премиер Доналд Туск секој што денеска присуствуваше на воената парада во Москва се посрамоти.

„Се обидувам да не коментирам за одлуките и однесувањето на државните лидери, но нема сомнение дека е срамно да се биде на парадата во Москва и да му се аплаудира на Путин“, изјави Туск на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претходно денеска Франција и Полска потпишаа договор за зголемување на соработката по прашања од областа на одбраната и енергијата. Договорот, кој опфаќа прашања од одбраната, енергијата, нуклеарната енергија и транспортот, ги обврза на меѓусебна помош во случај на воена закана.

Во Москва се одржа Парадата на Победата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. 

На парадата присуствуваа повеќе од 20 странски лидери, меѓу кои беа кинескиот претседател Си Џинпинг, српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Социјалдемократите ја повикаа ЕУ да реагира затоа што Вучиќ беше во Москва. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести