Турците од дијаспората со поддршка за Ердоган
Илјадници Турци излегоа во Истанбул, Берлин и Виена, за да го поддржат турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Голем број Турци излегоа денеска на улиците во Истанбул, веејќи знамиња во знак на поддршка за Владата и протест против обидот за преврат.
Претседателот Ердоган беше снимен од државната Агенција Анадолу како се среќава и се поздравува со своите поддржувачи во азискиот дел на Истанбул.
Илјадници Турци се собраа денеска во Берлин и Виена, за да протестираат против обидот за преврат во Турција и да ја покажат својата поддршка за Владата.
Во Германија и Австрија има големи турски заедници.
Околу 3.000 демонстранти се собраа вечерва пред турската амбасада во Берлин, веејќи турски знамиња и носејќи маици со натпис „Турција".
Во Виена 4000 поддржувачи на Ердоган отидоа пред амбасадата и поминаа низ центарот на градот, извикувајќи слогани за поддршка на Ердоган.
