Турците од 1 јули ќе патуваат без визи?
Граѓаните на Турција од 1 јули ќе можат да патуваат во шенген зона, без да им биде потребно издавање на визи.
Ова го изјави во етерот на телевизија „ХаберТурк", заменик-министерот за надворешни работи, Наџи Кору.
„Најдоцна од 1 јули вратите на 26 европски земји ќе се отворат за нашите граѓани и патувањата ќе бидат без визи. Граѓаните на Турција ќе имаат право на престој во шенген зоната до 90 дена“- вели Кору.
Според него, сите 72 барања на ЕУ за премин кон визната либерализација треба да бидат исполнети до 4 мај. Кору појасни дека останува да бидат исполнети уште 30 од условите на ЕУ, а на 4 мај Советот на ЕУ ќе го претстави извештајот за тоа дали Турција ги исполнила условите. Ако очекувањата на Кору се исполнат, тоа ќе биде драматична промена во политиката на Европската унија. До средината на минатата година се дискутираше дека турските граѓани евентуално би можеле да влегуваат без визи во ЕУ од 2018 година.
