Турците не смеат да флертуваат во јавност
Дирекцијата за вероисповед во Турција испрати предупредување до сите верени љубовни парови, кои се уште не стапиле во брак.
„Верените двојки би требало да се воздржат од размена на нежност, флерт, држење за раце и каков било друг вид однесување спротивно на исламот, соопшти денеска Дијанет" - турска агенција за верски прашања.
Оваа Агенција е формирана во 1942 година и има задача да го надгледува спроведувањето на религијата во модерна секуларна Турција, по укинување на калифатот и распадот на Османлиското царство.
Слично
