ТУРЦИЈА ВОЗВРАТИ: Во воздушните напади, убиени се над 200 џихадисти
Два дена по терористичкиот напад во Истанбул, во кој загинаа 10 туристи, Анкара објави дека ги бомбардирала позициите на Исламската држава во Сирија и Ирак.
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, информираше дека турските вооружени сили нападнале 500 позиции на Исламската држава со артилерија и тенковски оган во изминатите 48 часа.
Во воздушните напади, наводно се убиени повеќе од 200 припадници на терористичката држава.
Цел на турските напади биле и позициите на групата околу кампот Башика, во северен Ирак
Тој потенцираше дека воздушните напади нема да прекинат се додека припадниците на ИСИС не се оддалечат од турската граница.
„Секоја закана, насочена кон Турција, ќе добие соодветен одговор" - предупреди премиерот.
Ова следува по терористичкиот напад пред Сината џамија, каде загинаа 10 туристи, а над 15 беа повредени. Бомбашот-самоубиец бил припадник на Исламската држава, од кој Сирија влегол во Турција како бегалец.
