Турција цензурира изложба во Женева
Турските власти побарале од Женева да биде отстранета слика на загинато дете во протестите на Таксим.
Тие бараат да се тргне фотографијата, која е дел од изложбата и го обвинува претседателот Реџеп Таип Ердоган за смртта на турско дете, повредено за време на антивладините демонстрации пред три години на плоштадот Таксим. Текстот под сликата гласи: „Се викам Беркин Елван. Полицијата ме уби по наредба на турскиот премиер ". Тогаш Ердоган не беше претседател на земјата. Сликата на момчето е дел од изложба на отворено во комплексот на ОН во Женева. Изложбата е поддржана од меѓународната новинарска организација Репортери без граници. На изложбата се претставени дела на фотографот Демир Сонмез, швајцарски државјанин од мешано курдско-ерменско потекло. Тој рече дека на овој начин сакал да ги покаже „бројните маки на народот".
