Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИЈА СО КОНТРА МЕРКИ: Се апсат и депортираат руски новинари

ТУРЦИЈА СО КОНТРА МЕРКИ: Се апсат и депортираат руски новинари

Tурција ги заострува мерките кон Русија и ги менува правилата за издавање дозволи за руските новинари на турска територија.

Поради тоа, новинарите на телевизијата „Русија 1“ биле уапсени во понеделникот на југоистокот од Турција.

15145453395667ed3fda9c8720492980_v4_big

 Руските новинари се подготвувале за истрага околу наводната вмешаност на Турција во трговијата на нафта со Исламска држава.

Како што кажуваат новинарите, веднаш откако ја преминале границата ним им било речено дека „ги блокирале турските безбедносни сили” и им било наредено да ги тргнат камерите.

Инаку, со новите правила што ги воведе Турција за руските новинари, тие за да работат на турска територија треба до амбасадата во Москва да достават повеќе документи, вклучувајќи и писмо на турски и англиски јазик, местото, времетраењето и целта на посетата, како и имиња на оние со кои би правели интервју.

Овие санкции се реакција на заострените мерки од страна на Русија, која по соборувањето на авионот започна изолациона политика кон Турција.

Слично

Поврзани вести