Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција се спрема за голема војна, а Путин е спремен да ѝ ја даде

Турција се спрема за голема војна, а Путин е спремен да ѝ ја даде

Рускиот генерал Игор Конашенков се сомнева дека Турција им ги забрани набљудувачките летови на руски авиони на нејзина територија, со цел „да ги сокрие незаконските подготовки на терен на турската војска во пограничниот појас со Сирија”.

Под наслов „Турција се подготвува за голема војна” претставникот на министерството за одбрана ги изнесе своите сомневања дека Турција планира воен напад во Сирија.

„Руското министерство за одбрана регистрира се повеќе знаци на тајни подготовки на турските воени сили за активна акција на територијата на Сирија“, изјави портпаролот Конашенков.

Од руското министерство напоменаа дека руските системи за противвоздушна одбрана, поставени во Сирија, се подготвени да дејствуваат на секоја возможна опасност која би била закана за руските воени авиони.

Од друга страна пак, Турција ги демантира овие обвинувања и вели дека информациите кои ги шири Русија се обична пропаганда. Висок турски функционер за британски „Ројтерс” изјави дека „ Турција нема планови, ниту пак размислува за воена кампања и копнена инвазија во Сирија.

Слично

Поврзани вести