Турција сама ќе си прави ракетен систем
Турција има можност сама да си направи ракетен систем со голем домет, изјави денес заменик-секретарот на индустријата за одбрана Исмаил Демир.
Тој доде дека не ја исклучува можоста за соработка и со компании, кои претходно поднеле понуда на објавениот тендер.
Анкара минатата година го откажа овој тендер за ракетен систем во вредност од 3,4 милијарди долари, кој претходно и беше доделен на Кина, што предизвика загриженост на НАТО, како сојузник на Турција.
Меѓу останатите понуди на тендерот биле и американската фирма Raytheon и француско-италијанската фирма Eurosam.
Слично
