Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција под нова закана за атентат?

Турција под нова закана за атентат?
Германија ја затвори амбасадата во Анкара, Генералниот конзулат во Истанбул и германската школа, поради закана за нов атентат. Овие институции ќе останат затворени денеска како превентивна мерка, бидејќи има информации дека денеска се очекува нов терористички напад. Ова се случува откако група блиска до Курдската работничка партија ПКК, ја презеде одговорноста за нападот од неделата, при кој загинаа 37 лица. Автомобил бомба експлодира до автобуси на градскиот транспорт, во близина на станица, при што загинаа 37 лица. Меѓу нив беше и атентаторката самоубиец Сехер Чагла Демир. Целта на нападот биле безбедносните сили, а не цивили. Нападот од минатата недела е втор голем терористички акт во Анкара за помалку од еден месец. Во февруари експлодира автомобил бомба, чија цел беше воениот персонал и уби 29 лица.
Слично

Поврзани вести