ТУРЦИЈА ОБВИНУВА: Путин врши советска пропаганда во која никој не верува
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу ги демантира сите руски обвиненија дека Турција учествува во шверц на нафта од Исламската држава.
Освен тоа, премиерот ја обвини Русија дека врши „пропаганда во советски стил” како во времето на Студената војна.
„Тоа беше стара традиција, но одеднаш ја крена главата повторно. Никој не придава никакво значење на лагите на оваа пропагандна машинерија во советски стил“, изјави Давутоглу.
Турскиот премиер рече дека отфрлањето на руските тврдења од страна на САД е уште еден доказ дека Москва пласира фабрикувана сторија.
Инаку, руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека има доказ дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство нелегално купуваат нафта од Исламската држава во Сирија и Ирак.
Претседателот Ердоган ги отрли овие обвиненија и најави негова оставка ако се докаже дека Турција е вмешана во тоа.
