Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција нема да испраќа повеќе војници во Ирак

Турција нема да испраќа повеќе војници во Ирак

Турција објави дека нема да испраќа повеќе војници во северен Ирак.

Вчера Багдад и стави 48 часовен ултиматум на Анкара за да ги повлече армиските делови или ирачката држава ќе прибегне до најсериозни мерки, вклучувајќи и преку Советот за безбедност на ОН.

Тензиите помеѓу двете земји избувнаа на крајот на минатата недела, откако Ирак ја обвини Турција дека распоредила стотици војници на ирачка територија без дозвола.

Анкара тврди дека ова е рутинска операција, дел од програма за вежбање и помош на ирачките Курди во реонот на окупираниот град Мосул од Исламската држава.

Засега Турција нема намера да праќа повеќе распоредени војници.

Слично

Поврзани вести