Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција не го сака еврото, но сака влeз во ЕУ

Турција не го сака еврото, но сака влeз во ЕУ
Турција сеуште сака да се приклучи кон ЕУ, и покрај засиленото разочарување од долгогодишните преговори за ова прашање. Но граѓаните на оваа земја покажаа слаб интерес за воведување на еврото, соопшти во својот вчерашен говор во Лондон турскиот министер за ЕУ, Егемен Багаш. Турција за влез во Европската унија чека уште од 1963 година, а официјално почна да преговара за присоединување кон ЕУ во 2005 година. Од вкупно 35 преговарачки поглавја Турција досега затвори само едно, што се однесува на науката и истражувањата. Неколку поглавја се блокирани поради турското непризнавање на Република Кипар, што како последица има Турција да не го почитува во целост договорот за царинска унија со ЕУ. Други преговорачки поглавја се блокирани од политички причини од различни земји членки, меѓу кои Франција.
Слично

Поврзани вести