ТУРЦИЈА: Нашето трпение има граници!
Односите меѓу Русија и Турција се повеќе се заоструваат. По вчерашниот конфликт во Егејско Море, денеска со реакција излезе и Анкара. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека „трпението на Турција во билатералните односи со Русија има граници”.
Коментирајќи го вчерашниот инцидент во кој руски воен брод пукаше во знак на предупредување во турски брод, Чавушоглу вели дека таа реакција на Русија е премногу остра.
„Таму имаше само еден наш рибарски чамец, ми се чини, реакцијата на рускиот брод беше претерана“, изјави шефот на турската дипломатија.
Тој потенцираше дека Турција сака да ги продолжи меѓусебните односи со Русија, но дека нивното трпение има граници.
Инаку, денеска рускиот претседател Владимир Путин откажа уште една средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган која требаше да се случи на 17 декември.
