ТУРЦИЈА НА ВРВОТ: Каде куќите поскапуваат, а каде поевтинуваат?
Турција има најбрзо растечки пазар на домување во светот во првиот квартал годинава.
Во првата петорка на Global Property Guide спаѓа и Романија. Годишниот раст на цените на куќите во Турција се крена над 19% во првиот квартал во однос на 11,6% една година порано, покажуваат податоците на весникот.
На второ место е Шангај во Кина со годишен раст од 16,6% и над 6% за кварталот. Трета е Шведска со покачување соодветно на 12,1%.
Во топ пет спаѓа и Романија со годишен раст на цените на куќите за периодот јануари - март оваа година од 11,55%. За кварталот зголемувањето достигнува 7,5%.
На петтото место е Катар, а листата на првите 10 се дополнува од Ирска, Германија, Холандија, Канада и Токио во Јапонија.
На другата страна е Русија, каде цените на куќите продолжуваат забрзано да опаѓаат.
Втора по пад на цените на куќите е Монголија, а на трето место е Порторико. Топ 10 листата се дополнува од Хонгконг, Египет, Дубаи, Тајван, Сао Паоло во Бразил, Грција и Украина.
