Турција купува противракетен систем од Кина
Турција ќе го продолжи планот за набавка на протиракетен систем вреден 3,4 милјарди долари, и покрај загриженоста на САД и европските НАТО соработници за безбедност и компатибилност на тоа наоружување, изјавил турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз.
Системот ќе биде интегриран во националниот систем за одбрана на Турција и ќе се користи без промена во НАТО системот, изјавил Јулмаз, додавајќи дека нема нови понуди за противракетен систем, одговарајќи на прашање дали ќе биде прифатена понудата од француско-италијанскиот понудувач МВДА, пренесува Ројтерс.
Јилмаз сопштението го издал по барање на пратениците кои барале одговор за деталите на договорот со Кина, која дала најдобра понуда на тендерот за набавка на противракетно оружје.
