Турција ќе соработува со Националната гарда на Ирак во борбите со ИД
Турција е подготвена заедно со Ирак да соработува во напорите да се стави крај на крвопролевањето и злосторствата на сунитската милитантна група Исламска држава.
Ова на прес – конференција за новинари го потврдија премиерите на двете земји, пренесува „Ројтерс“.
„Турција е подготвена да соработува заедно со Ирак на зголемување на воената соработка“, рече премиерот Ахмет Давутоглу по прес конференцијата со неговиот колега од Ирак, Хајдер ал-Абади.
Турција која дели граници со Сирија и Ирак се вклучи во поддршката на Ирак во борбите со ИД давајќи воени вежби на ирачките Курди, а најавила дека е подготведа да соработува и со Националната гарда на Ирак.
Слично
