Турција ќе гради три кампови за 40.000 бегалци
Турција ќе изгради три нови кампови за Сиријци во југоисточните окрузи Хатај и Кахраманмараш.
Капацитетот на камповите ќе биде за околу 40.000 бегалци, јави Анадолија. Новите центри за сместување бегалци ќе бидат најголеми во светот.
Според Ергун Туран, шеф на Службата за бегалски кампови во новоизградените центри ќе има медицински објекти, училишта. Центри за рехабилитација и џамии. Турција прифати најголем број бегалци од Сирија и тоа над 2,5 милиони луѓе, наведува Анадолија.
Земјата веќе беше домаќин на околу 2 милиони Сиријци од избивањето на граѓанската војна во почетокот на 2011 година.
Слично
