Турција ја продолжи тенковската офанзива во Сирија
Турски тенкови навлегоа во Северна Сирија каде им пружаат артилериска поддршка на повеќе бунтовнички групи кои се блиски со Сириската ослободителна армија, а меѓу нив има и Арапи и Туркмени. Нападите се насочени кон милитантите на ИСИС и се ослободени повеќе села во Килис провинцијата како поддршка за Западната коалиција во борбата со тероризмот.
Сепак, турското воено присуство во Сирија е насочено и против Курдски бунтовници со цел да се спречи нивното ширење и можно прелевање на конфликтот на територија на Турција со илегалната КПК.
Слично
