Турција и ЕУ ќе разговараат за визната либерализација
Турција и Европската унија денеска преку своите технички тимови почнуваат со разговори за визната либерализација.
Ова го соопшти новиот турски министер за ЕУ, Омер Челик.
Тој објаснува дека тоа е составен дел од пошироката програма за искоренување на илегалната миграција.
Челик во Брисел изјави дека реадмисијата, преселувањето мигранти и визната либерализација за турските граѓани се дел од пакетот и не може да се третираат одвоено.
Слично
